РЕШЕНИJA
Добре дојдовте! Ви благодариме, затоа што ја посетивте страницата на EAGLE’S FLIGHT Македонија! EAGLE’S FLIGHT е светски лидер во развојот и примената на програми за учење преку доживување (experiential learning) за глобалната бизнис заедница. Нашата централа е во Канада и до денеска имаме претставништва во 41 држави и тренинг програми преведени на над 30 јазици. Според нашето истражување, една водечка организација инвестира меѓу 36 и 115 часа во годината за обука на искусен вработен. Оваа инвестиција е важна за фирмата, затоа што чини време и финансиски ресурси, и ако не биде изведена на најдобриот начин, може да не доведе до позитивна промена во бизнис резултатите. За жал, средната ефективност на процесите за обучување и развој денес варираат помеѓу 5% и 30%. Тоа значи дека за Вас и Вашата фирма има многу можности за подобрување! Колкава е Вашата сегашна ефективност во обуките и развојот на вработените? Колкава е Вашата добивка од таа инвестиција? Работиме со организации, кои се во различни сектори и се со различна големина, помагајќи им да ги синхронизират стратегиите за развој на човечките ресурси со нивните бизнис стратегии, за да ги достигнат посакуваните резултати. • Корпоративни обуки; • Cеминари и конференции (средби со дистрибутери, годишни стратегиски средби); • “Софт” вештини; • Персонализирани (по порачка) обуки, • Консалтинг. Нашите клиенти ги користат програмите на EAGLE’S FLIGHT за: • изградба на сплотени тимови со единствено разбирање на целта, улогите, лидерството, процесите, меѓусебните односи и комуницирањето; • подобрување на услугите за клиентите; • зголемување на продажбите; • максимално искористување на ресурсите на фирмата и личните ресурси; • развивање на лидери; • откривање и насочување на талентите во фирмата; • поставување на заеднички организациски цели; • организациска култура на доверба и заеднички вредности; • постојано подобрување на процесите; 
Што ќе кажете ако некој Ви предложи 75% или повеќе ефективност и гарантирана добивка од Вашата инвестиција?
Нашите програми се создадени за да ги подобрат бизнис показателите на вашата фирма преку развој на човечкиот потенцијал. Модулите за обука на EAGLE’S FLIGHT им помагат на луѓето да ги откријат и искористат поефективно вештините и уникатниот талент.
Искуството на EAGLE’S FLIGHT опфаќа различни сфери:

