ТРАНСФЕР НА ЗНАЕЊЕ
ТРАНСФЕР НА ЗНАЕЊЕ

Учењето не завршува со крајот на тренинг сесијата, туку само што почнува постојаниот процес кон позитивна промена во однесувањето.
Во 2007 Eagle’s Flight започнува нов дел, наречен „LiveIt!™”. Ова вкллучва серија од инструменти за подобрување на искористувањето на стекнатото знаење. Тие ќе помогнат на учеснниците во нашите програми да се поуспешни во животот.
Секое од овие решенија може да биде приспособено кон уникатните корпоративни потреби на нашите клиенти, во согласност со стратегијата за обучување и развој на фирмата.
Основната цел на „LiveIt! ™" е да помогне на учесниците во програмите да го разберат и искористат поефективно наученото. Максималното искористување на знаењето се гарантира со комбинирање на две или повеќе решенија и со создавање на долгорочен план за развој.
Некои од решенијата се:
APPLY it! ™
Дополнителни сесии за надградба на основните програми. Учесниците ќе имаат можност да го користат наученото, како и да создадат навика за пренесување на знаењето и вештините од салата за тренинг на работното место.

WORK it! ™
Работни тетратки и тестови за самостојна работа, напишани на интересен и забавен начин.

CASCADE it! ™
Поддршка и инструменти за менаџментот на фирмата, се со цел поефективно користење на пораките од обуката на сите организациони нивоа во фирмата.
ASSESS it! ™
Тестови за трансфер на знаење и промена во однесувањето. Можат да се комбинираат со истражување за повратокот на инвестицијата од обуката (ROI).

OPEN it! ™
Серија од електронски соопштенија за да се потсетат учесниците за основните пораки од обуката и нивната практична примена на работното место.

SEE it! ™
Визуелни средства – плакати, сувенири, слики.

HEAR it! ™
Дискови и mp3 фајлови со основните пораки од програмите.

COMMUNICATE it! ™
Поддршка и инструменти за подготвување на план за комуникација.
MEASURE it! ™
Тестови, истражувања и фокус групи за да се зголеми ефектот од обуката.

CLICK it! ™
Модули за електронска обука (e-learning).

КНИГИ
Изданија на Eagle's Flight.


