МЕТОДОЛОГИЈА


Сите наши програми за обука се базирани на моделот “Point of Choice”. Tој овозможува долготрајна и ефективна промена во однесувањето на луѓето, преку осознавање на последиците од сопственото дејствување и превземање на одговорност за истите.
МОДЕЛОТ „ТОЧКА НА ИЗБОР” (“Point of choice”TM)
СТАПКА 1: Доживување
Преку користење на структурирани доживувања, ние ги создаваме точно работните ситуации и учесниците осознаваат како можат да бидат поефективни во професионалниот и во личниот живот. Некои од предизвиците кои што ги поставуваме, на пример, се:
-
амбициозна (но сепак можна за достинување) цел;
- пречки во комуницирањето, на пример недостаток на можност за директен контакт, одвоени тимови;
- конфликт на интереси, привиден конфликт меѓу организациски, тимски и лични цели;
- недостаток на ресурси - време, финансиски и човечки ресурси;
- високо ниво на стрес;
- конфликт на вредности, стил на работа, начин на комуницирање;
- привиден избор меѓу “квалитет” и “запазување на крајни рокови”;
- нејасна информација за потребите на потрошувачот;
- можност да бидеш “нечесен” и да ги постигнеш полесно финансиските резултати.
СТАПКА 2: Одраз (Што?)
Секоја програма има инструменти за мерење на ефективноста на тимот или индивидуата според неколку аспекти, во зависност од потребите на организацијата. На пример:
- колку ефективно учесниците го користат времето и ресурсите (во проценти);
- како учесниците ја оценуваат продуктивноста и вредностите на останатите ( тимски и индивидуални ) - Оценување 360°;
- колку различните тимови дејствуваат ефективно меѓу себе, колку ја користат правилната “добивам-добиваш” ситуација (во проценти);
- колку е способна организацијата да постави приоритети, да ги измери и да ги исполни очекувањата на потрошувачите (во проценти);
СТАПКА 3: Разбирање (И што од тоа?)
Тука учесниците ги согледуваат сличностите и разликите помеѓу симулацијата и реалниот работен процес. Се анализираат последиците од нивните дејства во симулацијата и какви би биле истите во реалниот бизнис.
СТАПКА 4: Точка на избор (Што сега?)
Учесниците гледаат како нивното однесување може позитивно да ги промени резултатите на нивното работното место. Оваа последна фаза од обуката е насочена врз осознавање како да стане тоа – со конкретни дејства и задачи испланирани низ времето. Освен тоа, оваа стапка ги остава раководителите на фирмата со јасен план за идни дејства.

