ПРОГРАМИ
EAGLE’S FLIGHT предлага 4 основни видови на програми:
Програми со продолжителност од 3 до 5 часа, прикладни за корпоративни обуки и конференции.
Програми за усовршување на вештини
Базирани на принципите на обука преку доживување, но насочени кон поконкретни вештини како ефективна комуникација, ефективни состаноци, подобрување на процеси, развивање на основни менаџерски вештини.
Програми за развивање на лидерски вештини
Процеси со продолжителност од 1 месец до 2 години со теми како: коучинг, подобрување на тимската работа, развивање на потенцијалот на вработените, вредности и култура, градење на заедничка визија и други.
EAGLE’S FLIGHT Македонија е во состојба да разработи и примени различни решенија за обука по нарачка , кои што ќе ви помогнат да ги постигнете вашите бизнис цели. На пример, вашите вредности, мисија и визија можат да бидат вградени во програмите. Исто така, може примерите и принципите во програмите да ги прикажуваат специфичните проблеми за вашата индустрија.
Дополнителни инструменти за мерење и оценка
Инструменти како тестови, 180/360 степени оценка за определување на мислењето на вработените, откривање на области за развивање, оценка на повратокот на инвестицијата од обуката.

