• Златото на Пустинските Цареви™
ДОЖИВУВАЊЕ
Тимовите брзаат да се натпреваруваат меѓусебно во оваа предизвикувачка трка во пустината. Која е нивната цел? Да ги добијат потребните ресурси за да стигнат до планините, да копаат колку што е можно повеќе злато и да се вратат живи дома. Тимовите се прнинудени да бидат колку што е можно попродуктивни со ограничени време и ресурси. Учесниците ќе ги доживеат користите од тимската работа, планиањето, поставувањето цели и превземање на потребниот ризик.
ПРЕГЛЕД НА ПРОГРАМАТА
Златото на Пустинските ЦаревиТМ го претставува односот напор спрема продуктивност. Учесниците се ставени во ситуација со ограничени време и ресурси и мораат да се потпрат на својот тим за да ги постигнат своите цели. Притисокот и загриженоста доживеани во Златото на Пустинските Цареви ТМ се случни со тие што се доживуваатсекојдневно во возбудливата работна околина. Учесниците се натпреваруваат со крајни рокови, ограничени ресурси, различни гледишта и притисок само да направат нешто додека пробуваат да ги постигнат целите на својот тим.
КЛУЧНИ ЕДУКАТИВНИ ПОЕНТИ
- Откривање дека продуктивното однесување започнува со целта во мислите;
- Спознавање на вредноста за пронаоѓање, вреднување и искористување на информацијата;
- Ја покажува моќта на ефективното планирање и исполнување на истото;
- Разбирање како да се работи попаметно, а не повеќе;
- Сфаќање на влијанието на прашањето, „Што е МОЖНО?“
- Контролирање на влијанието на протисокот од околината;
- Разликување на резултатите од активностите;
- Зголемување на продуктивноста;
- Креирање на визија;
- Подобрување на процесот на донесување на одлуки;
- Управување со промени;
- Планирање на успех;
- Постигнување на неверојатни тимски резлултати;
- Тимови од 2-5 учесници;
- 3,5 - 4 часа за една сесија;
- Прикладен за интер-функционални тимови и за создавање на нови тимови на сите организациони нивоа;
- Идеален за корпоративна обука или семинар

