• Кањонот на ѕвечарките™

ДOЖИВАВАЊЕ
На Доселениците и Трговците во Кањонот на Ѕвечарките им е дадена предизвикувачка понуда. Тие имаат четири недели за да ги обезбедат сите потребни материјали за да изградат железничка пруга како и камп за работниците.
Оваа динамична, моќна програма ги турка учесниците да се соочат со предизвиците и наградите на вистинските пазарни услови. Додека ги опкружуваат сликите и звуците на околината, учесниците го максимизираат профитот преку безброј трансакции на купување и продавање каде брзиот обрт е клучот.
ПРЕГЛЕД НА ПРОГРАМАТА
Кањонот на ЅвечаркитеТМ се фокусира на максимизирање на перформансите во продажбата, во пазарно опкружување кое се карактеризира со конкуренција, неверојатна брзина и скратени рокови.
Учесниците учат како да гледаат преку моменталното опкружување (’сегашната состојба на пазарот‘) и да ги искористат ресурсите за потенцијалот на „Што може да се случи“. Тие исто така ги откриваат користите од градењето на ефективни партнерства во продажбата и дистирибутивните канали. Учесниците исто така ги разбираат можностите и на добрата и на услугите и почитувањето на вредноста на помалку засегнатите ресурси како што се идеите, информациите и довербата.
КЛУЧНИ ЕДУКАТИВНИ ПОЕНТИ
- Откривање како да се создадат можности за продажба и нивно брзо искористување
- Градење на долготрајни партнерства во продажбата и дистрибуцијата за да се стане конкурентен
- Усогласување на личните и тимските иницијативи со корпоративните насоки за максимизирање на резултатите
- Максимизирање на резултатите при притисок од надворешната околина
- Разбирање како да се управува со профитабилноста, а не само со приходите
- Идентификување и избегнување на неефективни процеси и процедури
РЕЗУЛТАТИ
- Подобрена продуктнивност во продажбата;
- Зголемена тимска ефективност;
- Зајакнати продажни вештини;
- Зајакнати преговарачки вештини;
- Градење на ефективно партнерство;
- Групи од 20 до 1000 учесници
- Тимови од 2-5 учесника
- 3-4 часа за една сесија
- Прикладен за интер-функционални тимови и за создавање на нови тимови на сите организациони нивоа
- Идеален за корпоративна обука или семинар

