• Советот на Мермерната Ѕвезда™

ДОЖИВУВАЊЕ
Археолозите од целиот свет се возбудени од најновите откриени артефакти кои го демистифицираат Камелот на Кралот Артур. Во пронајдениот таен дневник на Мерлин се наоѓа клучот за победоносното владеење на Кралот Артур. Со комбинирање на комерцијалните способности и културно разбирање, Мерлин регрутирал „Витези“ за да седат во Советот на Мермерната Ѕвезда.
Учесниците ќе имаат можност да се вклучат во „Предизвикот на Ексцелерон“ исто како во времето на Камелот. Тие ќе видат како селаните ќе станат елитни членови на судот на Кралот Артур преку натпреварување, тргување, преговарање и заедничко работење.
Доживувајќи ги предизвиците и наградите на вистинските победа-победа (win-win) преговарања, учесниците ќе научат како да постигнат најдобри резултати преку продуктивни односи.
ПРЕГЛЕД НА ПРОГРАМАТА
Советот на Мермерната Ѕвезда се однесува на предизвиците поврзани со личната ефективност. Учесниците превземаат одговорност за постигнување на квалитетни резултати во услови на несигурност, недостиг на упатства, конкуренција и променлива околина. Додека некои тимови се фокусираат единствено на резултатите, други се социјализираат и го губат фокусот врз постигнување на поставените цели. Искуството ги учи дека комбинирањето на вештините за продуктивност со вештините за градење и одржување на врски креираат конкурентно предимство кое ги води до успех.
КЛУЧНИ ЕДУКАТИВНИ ПОЕНТИ
- Управување на продуктивноста во услови на промени и несигурност
- Разбирање дека перцепцијата има поголемо влијание отколку интенцијата
- Откривање на лични навики, пристапи и стилови кои можат да ја блокираат продуктивноста
- Прифаќање на предизвикот за создавање на квалитетни односи, додека се постигнуваат квалитетни резултати
- Добивање и искористување на информации за да се обезбеди максимална продуктивност
- Креирање на визија за индивидуална и корпоративна одличност
РЕЗУЛТАТИ
- Градење на силни продуктивни односи
- Учење како да се поттикнуваат другите
- Успешно преговарање
- Зголемување на лидерската и продажната ефективност
- Владеење и влијание врз културата
ПРАКТИЧНИ ДЕТАЛИ
- Тимови од 2-5 учесника
- 3.5-4 часа за една сесија
- Прикладен за интер-функционални тимови и за создавање на нови тимови на сите организациони нивоа
- Идеален за корпоративна обука или семинар

