КОИ СМЕ НИЕ

EAGLE’S FLIGHT е светски лидер во развојот и примената на програми за учење преку доживување (experiential learning) за глобалната бизнис заедница.

Нашите програми се создадени, за да ги подобрат бизнис показателите на Вашата фирма преку развојот на човечкиот потенцијал. Модулите за обука на EAGLE’S FLIGHT им помагат на луѓето да ги откријат и поефективно да ги користат вештините и талентот.

Нашите програми се преведени на повеќе од 30 јазици и се користат во 41 држави. Нашиот тим е постојано оценуван од клиенти како “ги надминаа  очекувањата”. Над 300 програми за обука на EAGLE’S FLIGHT месечно се одржуваат со групи од 20 до 2000 учесници.

ИСТОРИЈА

EAGLE’S FLIGHT е создадена во 1988 од Фил Гелдарт. По долги години како регионален потпретседател за човечки ресурси на компанија од списокот на Форчн 100, тој се судира со проблем, со кој многу менаџери се судруваат и денес. Многу мал дел од инвестициите, кои што фирмите ги одделуваат за различни видови на обуки и развој на персоналот, всушност водат до позитивна промена на бизнис показателите.

Учесниците во различните обуки се чуствуваат мотивирани, излегувајќи од салата. Но само по неколку дена, враќајки се кон натоварениот работен режим, тие забораваат голем дел од наученото. Еден месец по обуката вработените не се сеќаваат  на повеќе од 13% од наученото!

Фил Гелдарт решава да направи нешто различно, кое што ќе ја промени таа ситуација. Така ја основа EAGLE’S FLIGHT.

Највредни предимства на нашата компанија се нашите талентирани вработени, професионалната репутација на пазарот и вештината да развиваме и фасилитираме уникатни програми, кои што имат долгорочен ефект. Брендот на EAGLE’S FLIGHT е изграден врз базата на добри препораки од задоволни клиенти, поддржување на високи стандарди за квалитет и услуги од светска класа.

Во 2006 EAGLE’S FLIGHT ја доби престижната награда  Stevies Business Awards.

До денеска нашата фирма има канцеларии во 41 држава и тим, изграден од признати личности во областа на развивањето на човечкиот потенцијал.